Спортскиот арбитражен суд пресече, позната судбината на Манчестер Сити

Спортскиот арбитражен суд утрово донесе конечна одлука околу учеството на Манчестер Сити во европските натпреварувања.

УЕФА претходно го казни англискиот клуб поради кршење на правилата од Финансискиот Фер Плеј и му даде забрана за учество во европските натпреварувања во следните две сезони.

Сепак, Спортскиот Арбитражен суд денеска пресуди во корист на Манчестер Сити, па оваа казна дефинитивно ја укина.

Ова е големо олеснување за Пеп Гвардиола кој ќе може да го сочува костурот на тимот со кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и следната сезона.