Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Барселона конечно се наоѓа на праг да си ја оствари својата голема желба, односно да го ангажира Лаутаро Мартинез од Интер.
Медиумите објавија дека Барселона се договорила со Интер да му плати 70 милиони евра, но и да го испрати Жуниор Фирпо во Милано.
Интер така би добил вкупно 111 милиони евра, зашто Фирпо во моментов се проценува на 41 милион евра, а потоа тренерот Антонио Конте ќе одлучи дали ќе го продаде или не.
Сепак, постои проблем за реализација на трансферот, и тоа во тие 70 милиони евра, кои каталонскиот гигант треба да ги најде, а за такво нешто ќе мора да продава неколку фудбалери.
Barcelona have reached an agreement for the transfer of Inter strikee Lautaro Martinez for €70m + Junior (rated at €41m) going the other way. pic.twitter.com/mUSjuSnQ3h
— BettingTipsMan (@BettingTipsMan) July 14, 2020