Прва меч топка за Реал Мадрид

Вечерва Реал Мадрид ќе има шанса да ја освои шпанската титула.

Со одлична игра во продолжението на сезоната, екипата на Зинедин Зидан го прескокна најголемиот ривал Барселона и сега во последните два натпревари од сезоната имаат апсолутно сè во свои раце.

Првиот меч топка за „Кралевите“ е Виљареал. Нема да биде лесен залак за Реал, бидејќи Жолтата подморница е исто така одлична во втората половина на сезоната.

На Реал му е потребна победа над Виљареал или грешка на Барселона во дуелот против Осасуна за титулата. Тешко е да се поверува дека екипата од Мадрид ќе ја пропушти оваа голема предност, но треба да очекуваме возбудлив ден во Ла Лига.