Покетино на слатки маки - два италијански гиганти му нудат договор?

Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино би можел летово да си пронајде нов ангажман, откако претходно заработи отказ од Тотенхем.

Покетино потоа се поврзуваше со преселба во многу екипи, а сега „Телеграф“ пишува дека Аргентинецот би можел да седне на кормилото на Јувентус или Интер.

Маурицио Сари е пред отказ затоа што Јувентус игра очајно во последно време, а од друга страна Интер не е задоволен со Антонио Конте, кој ја критикуваше лошата трансфер-политика на клубот.

Освен со овие екипи, Покетино претходно го поврзуваа и со Реал Мадрид и ПСЖ, но сепак најголема шанса има да се пресели во Серија А, каде што би седнал на клупата на некој од големите италијански клубови.