Вавринка откри: Плачев, повраќав и се чувствував лошо пред да го победам Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка се присети на финалето на Ју-Ес Опен од 2016 година против Новак Ѓоковиќ.

Швајцарецот откридека бил многу нервозен пред мечот, но и покрај тоа на крајот успеа да ја освои посакуваната титула.

„Имав 31 година, мислев дека тоа ќе ми биде последна шанса за некоја гренслем-титула. Загревањето пред финалето тргна на лошо. Бев лошо расположен… Пет минути пред почетокот се чувствував нервозно, плачев и повраќав“, кажа Вавринка.