Реал Мадрид трие раце: Четири понуди пристигнаа за „отпишан“ фудбалер!

Фудбалерот кој не доби премногу шанса во тимот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Една од поважните причини е неговиот договор кој завршува за една година, а Реал само во случај на продажба би можел да оствари некаков приход, иако сигурно нема да добијат ниту блиску од вложените средства, односно 80 милиони евра.

Неговата плата е неверојатни осум милиони евра годишно, премногу за некој кој не игра во првиот состав, а не е ниту важен играч од клупа.

„Кралевите“ имаат дури четири понуди за Хамес, а тие се од Манчестер јунајтед, Милан, Интер и Бенфика. Сите екипи преговараат во моментов со неговиот менаџер.