Интересен потег на Бирмингем: Го повлекоа дресот со број 22 во чест на засилувањето на Дортмунд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таборот на Бирмингем се одлучија на еден навистина чуден потег откако го повлекоа дресот со број 22 кој досега го носеше Џуд Белингем.

17 годишниот фудбалер имаше една екстра сезона во клубот и направи богат трансфер во Борусија Дортмунд, а тоа му донесе и голем статус во клубот по што беше одлучено неговиот број да биде повлечен.

„Во неверојатно краток период Џуд стана икона за „Сините“ покажувајќи дека се може да се постигне со талентот, напорната работа и посветеноста.

Неговото однесување надвор од теренот исто го направија играч за пример. Дресот со број 22 стана синоним за Џуд, неговиот напредок кон првиот тим со само 16 години и 38 години.

Токму затоа клубот одлучи дека најдобро е да се повлече овој број за да се запамети еден кој може да инспирира многумина“ –стои во соопштението од Бирмингем.