Официјално: Тричковски останува уште две години во АЕК Ларнака!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжи договорот со екипата од Кипар, АЕК Ларнака на уште две сезони.

Официјална потврда за новиот договор пристигна преку сајтот на кипарскиот тим, кој објави дека е среќен затоа што успеале да се договорат со македонскиот фудбалер.

Тричковски пристигна во АЕК Ларнака пред четири ипол години, а притоа успеа да запише 163 настапи во сите натпреварувања. Исто така, постигна 67 гола во домашното првенство, 10 во Купот и уште 20 во европските натпреварувања.