Играч на Баерн Минхен отворен за враќање во Премиер лигата


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Стоперот на Баерн Минхен, Џером Боатенг истакна дека е отворен за враќање во Премиер лигата.

Сега веќе искусниот стратег кој одреден период од својата кариера мина во Манчестер Сити не ја исклучи можноста за враќање на Островот.

„Не би рекол не. Сакам да ја гледам Премиер лигата и уживав играјќи таму. За мене, тоа беше несреќно искуство затоа што бев повреден и не играв на позицијата на која ми беше ветено дека ќе играм.

Тоа е една од моите омилени лиги, но не знам ништо за во индина. Никогаш не се знае што би се случило. Но апсолутно никгаш не би рекол дека повеќе нема да играм таму“ –изјави Боатенг.

За стоперот во јануари се распрашуваше тимот на Арсенал, па не се исклучува можноста и сега „топчиите“ да тргнат по неговиот потпис.