Најдобрата тенисерка се откажа од Ју-Ес Опен: Се плашам…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти се откажа од настап на Ју-Ес Опен, кој е закажан да се одржи од 31 август до 13 септември.

Таквата одлука можеше да се почуствува уште кога првата тенисерка во светот не се појави на листата на пријавени за турнир закажан пред Ју-Ес Опен.

„Сакам да играм на турнирите, но ова беше тешка одлука за мене. Постои голем ризик со вирусот и не сакам да ја жртвувам мојата екипа и себе, па поради тоа нема да настапам“, соопшти Барти.

Се очекува уште многу тенисерки и тенисери да се откажат од патувањето во Њујорк, без оглед на значењето на големиот турнир.

Освен Барти, на листата на пријавени за турнирот кој му претходни на Ју-Ес Опен не се пријавени уште Елина Свитолина, Бјанка Андреску и Наоми Осака, кои се во топ-10 на ВТА-листата, а останува да видиме дали и тие ќе се повлечат од Ју-Ес Опен.