Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели пристигна во Бреша како големо засилување пред почетокот на минатата сезона, но на крајот се покажа како тотален неуспех.
Супер Марио пристигна во Бреша како слободен агент откако му истече договорот со Марсеј. Тој се очекуваше да биде големо засилување за повратникот во Серија А, но тоа не се случи затоа што Балотели не можеше да остане без скандал повторно.
Тој беше отпишан пред два месеци поради расправија со челниците на клубот, а наскоро ќе стане слободен агент. Бреша, во меѓувреме, беше исфрлена од Серија А по само една сезона во која Балотели имаше постигнато само пет гола на 19 натпревари.
Веќе некое време се шпекулираат за тоа каде овој 29-годишен напаѓач ќе ја продолжи кариерата, а италијанските медиуми пишуваат дека тој е на работ на трансфер што никој не можеше да го очекува.
Тутопорт синоќа објави дека Балотели преговара со Романски Клуж и дека има големи шанси тој да ја продолжи кариерата таму. Ако некој речеше пред неколку месеци дека Балотели може да игра во Романија, никој не би му верувал.