Во Лацио убедени дека ќе го обезбедат потписот на Давид Силва


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во редовите на Лацио биле убедени дека ќе постигнат договор со Давид Силва за негов премин во главниот град на Италија.

34 годишниот играч ќе се прости со „граѓаните“ по крајот на Лигата на шампионите и во иднина ќе игра во нов клуб.

Според „Скај Италија“ преговорите меѓу Лацио и Силва биле доста тешки, но од италијанскиот клуб се убедени дека Шпанецот ќе го одбере Рим за продолжување на неговата кариера.