Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на Давид Силва, во интервју за шпанските медиуми го најави следниот трансфер на фудбалерот на Манчестер Сити.
Одличниот играч од средината на теренот по десет години си заминува од Манчестер и кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Лацио.
Дека трансферот е блиску потврди и неговиот татко кој истакна дека Давид Силва го сака италијанскиот фудбал.
„Давид веќе некое време ми вели дека сакал да игра фудбал за Манчестер Сити десет години, а потоа да ја заврши таа авантура.
Можам да потврдам дека тој го сака фудбалот во Италија и би уживал играјќи таму. Ми кажа дека може да игра до 40 години во Италија“ –изјави таткото на Силва.