Трансфер бомба од „Маракана“: Звезда носи фудбалер кој пред десетина години му донесе титула на Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Црвена Звезда би можел да релизира навистина бомбастичен трансфер во овој преоден рок.

Српските медиуми пренесуваат дека клубот од Белград е заинтересиран во своите редови да го донесе поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Федерико Македа.

Кико Македа се претстави на светскиот фудбал со фантастичен гол против Астон Вила со кој практично му донесе титула на „црвените ѓаволи“ во сега веќе далечната 2008 година.

Сепак,неговата кариера тргна во надолна линија па тој потоа промени многу клубови за сега среќата да ја најде во грчки Панатинајкос од каде треба да пристигне во Црвена Звезда.

Како член на грчкиот тим тој успеа да запише вкупно 15 погодоци во сите натпреварувања.