Сари и официјално не е тренер на Јувентус, три имиња можни негови наследници


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус објавија дека Маурисио Сари по катастрофата против Лион повеќе нема да е тренер на клубот.

Искусниот стратег не успеа да го оствари она за што беше донесен, да го однесе тимот далеку во Лигата на шампионите, па по синоќешната елиминација од Лион јасно беше дека ќе добие отказ.

Сега медиумите во Италија лицитираат со имиња за можни наследници на Сари, а прво име кое се споменува е Маурисио Покетино.

Освен поранешниот стратег на Тотенхем се споменуваат и Симоне Инзаги од Јувентус како и Масимилијано Алегри.