Клоп го купи првото засилување, второто е на повидок, покер од нови играчи на „Енфилд“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Следуваат медицински прегледи, а како што стојат работите, Ливерпул ќе купи четворица фудбалери ова лето.

Потрагата заврши, Ливерпул донесе лев бек.

Она што беше најавено вчера е потврдено денес, за сума нешто помалку од околу 15 милиони евра, Костас Цимикас ќе се пресели од Олимпијакос во „Енфилд“.

Тој ќе биде алтернатива за Робертсон што Клоп ја немаше од Морено. Милнер ја пополнуваше позицијата, но сега е донесен вистински лев бек. Цената се клучна, Норвич побара 25 милиони евра за Џамал Луис, па Црвените се откажаа.

Ливерпул ја реши првата задача, втората очигледно ќе биде Тијаго Алкантара, иако многумина веруваат дека на тимот не му треба. Сепак, се чека продажбата на Наби Кеита, со кого Клоп ја изгуби трпеливоста и кој би можел да биде најголемото засилување на Бенфика заедно со Кавани, така што поранешниот играч на Барселона и Баерн, би можел да стигне на Енфилд.

Се шпекулира за Талес Ману, но англискиот шампион мора да го земе предвид бројот на Британци во тимот, така што целта е Дејвид Брукс, крило на Бурнемут. Тој е мета на Вест Хем, цената останува иста, иако испаднаа од ПЛ, но Ливерпул би можел да го донесе 23-годишниот играч на репрезентацијата на Велс, барем на позајмица со опција за купување следната сезона.

Исмаил Сар од Ватфорд, чини 50 милиони, Вотфорд не сакаат да загубат пари, го доведоа од Рен минатата година за 40, тоа е клупски рекорд.

Замена за Ловрен?

Целта е Бен Вајт, фантастичниот стопер кој играше за Лидс, сега се врати во Брајтон, а централен напаѓач нема да биде купен, нема вистински решенија, Клоп наводно ќе му даде шанса на 20-годишниот Рајан Брустер, кој постигнал 11 голови на позајмица кај Свонси во 22 натпревари.

Значи, Цимикас, Алкантара, стопер и евентуално крилен напаѓач, веројатно на позајмица е планот на Ливерпул, кој вклучува продажба на неколку играчи, покрај Кеита, Хари Вилсон, Марко Грујиќ и Дивок Ориги.