Лион приреди нова сензација и си закажа пресметка со Баерн Минхен во полуфиналето (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Лион втор пат по ред приредува вистинска сензација во Лигата на шампионите.

Откако го елиминираше тимот на Јувентус во осминафиналето, Лион сега беше подобар од Манчестер Сити со 3:1 и со тоа си закажа пресметка со Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Францускиот клуб прв дојде до водство со голот на Корне во првиот дел. Манчестер Сити во второто полувреме израмни на 1:1 преку Кевин Де Брајн и тука англискиот клуб запре.

Потоа следеа два погодоци на Лион кои беа дело на Муса Дембеле кој во игра влезе во последните 20тина минути од натпреварот.