Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа Интер го совлада Шахтјор со 5:0 во полуфиналето во Лига Европа и закажа финалето против Севилја.
Клубот од Џузепе Меаца успеа да го победи полуфиналето полесно од очекуваното, а се пласира во првото финале по десет години. Интер одигра одлично особено во второто полувреме кога постигна четири гола.
И синоќа блескаше Ромелу Лукаку, кој игра во фантастична форма уште од пристигнувањето во Интер. Белгиецот постигна два гола и успеа да забележи една асистенција, и едноставно е непрепознатлив во однос на играчот од Манчестер Јунајтед.
Откако ги напушти „Црвените ѓаволи“, Лукаку едноставно експлодираше, а ја игра веројатно најдобрата сезона од неговата кариера досега. По синоќешниот натпревар, новинарите го прашаа за поразот на неговиот поранешен клуб Јунајтед во полуфиналето, а тој даде џентламенски одговор.
“Тие дадоа се од себе за да продолжат понатаму, но не успеаја. Имаа навистина добра сезона и мислам дека Оле прави добра работа. Постојат неколку одлични играчи кои се истакнаа и мило ми е за тоа. Им посакувам се најдобро и верувам во тоа ќе изгледа уште подобро следната сезона “, рече Лукаку.
Белгиецот во Јунајтед не блескаше како што се очекуваше, и се веруваше дека клубот го пуштил да си замине лесно, но за него тоа беше целосен успех да замине во Интер. Со оваа изјава, тој покажа дека не го навредува Јунајтед, иако не го третираа најдобро.
"Greenwood is coming through, Martial and Rashford, I expected all of that.
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 17, 2020
"I'm really happy for them, they look really good for next season."
Romelu Lukaku reflects on Inter's 5-0 demolition of Shakhtar and comments on his old side Man United…#Club2020 pic.twitter.com/yf2nGCKqzr