Суарез испрати чудна порака, па порача: Сакам да останам во Барселона, но…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Луис Суарез пристигна во Барселона во 2014 година и стана еден од најдобрите фудбалери на каталонскиот гигант. Меѓутоа, по очајната сезона и дебаклот во Лигата на шампиони се шпекулира дека би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Суарез беше еден од ретките кои играа на своето ниво, но очигледно првиот човек на клубот, Жозеп Марија Бартомеу решил да го продаде.

„Сакам да останам во клубот, но ако мислат дека не можам повеќе да помогнам, тогаш подготвен сум на разговор со екипата. Чувствувам дека имам поддршка и од навивачите“, вели Суарез.

Уругваецот претходно испрати чудна порака преку Инстаграм, кога напиша дека „сами си ја кроиме својата судбина“.