Баерн Минхен по шести пат ја покори фудбалска Европа


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен е новиот шампион во Лигата на шампионите откако со 1:0 го совлада ПСЖ во финалето во Лисабон.

Во еден доста интересен натпревар во кој Баерн диктираше темпо, единствениот погодок го постигна поранешниот член на ПСЖ, Кингсли Коман.

Коман со глава го совлада Кејлор Навас во 59. минута од натпреварот, а до крајот не видовме уште некој погодок.

ПСЖ се обидуваше, но нивните обиди беа јалови затоа што Ханси Флик до крај постави фантастична тактика во која францускиот клуб немаше многу што да прави, па Нојер беше релативно мирен, иако имаше некои одлични интервенции.