Меси лично му ја кажал одлуката на Бартомеу и замолил да не му се прават проблеми


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Добро упатени извори за шпанските медиуми јавуваат дека во текот на денешниот ден Лионел Меси му ја соопштил конечната одлука за својата иднина во Барселона на претседателот на клубот, Жозеп Мариа Бартомеу.

Меси му кажал на Бартомеу дека сака да си оди во клубот и побарал од него да не му стојат на патот при неговото заминување.

Бартомеу за утре закажал вонреден состанок со челните луѓе на Барселона за да се донесе одлука што ќе прават понатака.

И покрај бројните написи дека Меси ќе си замине, се уште има такви кои цврсто стојат на ставот дека Меси сепак ќе ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.