Конечно се огласија и од Барселона во врска со Лионел Меси


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона го прекинаа молкот и преку новиот спортски директор на клубот, Рамон Планес го кажаа својот став во врска со Лео Меси.

На претставувањето на Франциско Тринкао на кое присутен кратко беше и Жозеп Марија Бартомеу, на новинарските прашања одговараше спортскиот директор кој го наследи Ерик Абидал на оваа позиција, Рамон Планес.

Тој го потврди ставот дека активностите и плановите на клубот одат во таа насока Меси да остане на „Камп Ноу“.

„Не планираме никакво заминување затоа што сакаме Лео да остане. Работиме со часови да го најдеме најдоброто решение за Барселона и Лео.

Веќе многу пати кажавме, тоа го кажа Куман, а и претседателот, сметаме на Меси за иднината исто како што сметаме на талентот на Тринкао за во иднина“ –изјави Планес.