Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Првиот агент на Лионел Меси, Жозеп Марија Мингеља се огласи во јавноста по најновите најави дека неговиот поранешен клиент побарал да си оди од клубот.
Меси ја шокираше Барселона откако им достави факс во кој бараат тој да биде ослободен во потрагата по нов клуб.
Мингеља верува дека Меси ќе го одбере тимот на Интер затоа што во Италија игра и Роналдо, а таму даноците се многу помали.
„Мислам дека Меси веќе има нов тим и дека тоа е Интер. Во Италија даноците се помали, таму е и Кристијано Роналдо, а со атрактивните потписи сакаат да го вратат фудбалот на стара слава. Тоа им дава голема предност кога во прашање се маркетиншките права и договори.
Тешко ми е да го замислам Меси да оди во Англија иако е голем пријател со Пеп Гвардиола и Кун Агуеро“ –изјави Мингеља.
Мингеља го донесе Меси во Барселона како 12 годишно момче и потоа му беше застапник подолг период.