Ѓоковиќ со неверојатна провокација кон својот противник пред првото коло на УС Опен

Во првото коло на УС Опен босанскиот тенисер Дамир Џумхур ќе има многу тешка работа.

Имено, ривал на Џумхур ќе биде првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Џумхур и Ѓоковиќ се одлични пријатели, тие често тренираат заедно, и добро се познаваат.

Секако, Ѓоковиќ е голем фаворит, а пред натпреварот решија да се пошегуваат на социјалните мрежи.

“Колку пати си тренирал на Еш? Имаш предност. Не е фер. Ќе поднесам жалба денес”, напиша Ѓоковиќ и многу бргу стигна хумористичен одговор од Џумхур.

“Противнику, дали се опоравивте? Подготвени сте?”, праша Џумхур.