Сè е јасно: Нејмар донесе конечна одлука за својата иднина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар беше разочаран по поразот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони од Баерн Минхен, но откако си ја среди главата донесе одлука за неговата иднина.

Нејмар во интервју за француски магазин кажа дека ќе остане во ПСЖ и следната сезона.

„Останувам во ПСЖ следната сезона. ќе останам со амбиција да се вратам во финалето на Лигата на шампиони, но овој пат сакам да ја освојам“, кажа Нејмар.

Нејмар постигна 19 голови во 27 меча за ПСЖ, а имаше и 12 асистенции, па нема сомнеж дека е еден од најважните фудбалери на францускиот шампион.