Еден од заинтересираните тимови за Меси јавно се откажа од намерата да го ангажира: Од каде сега тоа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директорот на Интер, Пјеро Аусилио ги демантираше шпекулациите дека тие ќе тргнат по потписот на Лионел Меси.

Интер беше еден од тимовите кои најмногу се поврзуваше со ангажман на Аргентинецот кој побара раскин на соработката со Барселона, но сега и дефинитивно стана јасно дека тие нема да се борат за неговиот потпис.

„Нема да го донесеме Меси. Не знам ни од каде дојдоа тие луди шпекулации. Секако дека секој клуб на светот сака таков играч, но реалноста и фактите се поинакви“ –изјави Аусилио.