Пике и Суарез, два различни света: Еден примерен возач, другиот дивјак зад воланот! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Атмосферата во Барселона не е идеална. Хаосот почна по дебаклот против Баерн Минхен, а потоа Лионел Меси побара да замине од клубот.

Подготовките за следната сезона веќе почнаа, а дел од фудбалерите го губат трпението и немаат време за навивачите како претходно.

При пристигнување на вчерашниот тренинг Жерар Пике во своето Ауди пребрзо влезе во свиокот и ги пролета покрај навивачите и фотограферите.

За разлика од стоперот, Луис Суарез кој е на излезни врати од тимот не беше таков. Уругваецот успеа да забави покрај присутните навивачи.