ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Радек Степанек тврди дека најдобриот тенисер во светот се повлекол во себе по дисквалификацијата од Ју-Ес Опен.
Тие двајца соработуваа пред некое време, а сега Степанек застана во негова одбрана по исфрлањето од гренслем-турнирот.
„Знам дека е многу тажен и повлече во себе. Страда затоа што го направи тоа без намера и тој факт ја зголемува неговата болка. Тешко му е затоа што знаеме колку е гладен за трофеи и има желба да стане човек со најмногу гренслем-титули. Убеден сум дека можеше да го освои трофејот во Њујорк. Тешко му е, се труди да биде подобар“, вели Степанек.