Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума бара 10 милиони евра во преговорите за новиот договор, но на такво нешто тешко ќе се согласи Милан, па постои можност чуварот на мрежата да замине следното лето како слободен фудбалер.
Милан му нуди шест милиони евра, плус бонуси за резултатите на тимот. Притоа, тие ќе вградат клаузула за откуп во неговиот договор од 100 милиони евра, а тоа не го задоволува неговиот агент Мино Рајола.
Донарума пет сезони го чува голот на Милан, а и понатаму се шпекулира дека Јувентус сака да го ангажира следното лето, па тоа сигурно би било огромно „предавство“.
Се шпекулираше и дека Донарума може да замине надвор од Серија А, односно во Англија, што е малку веројатно во моментов.