Ѓоковиќ има само едно на памет: До крајот на кариерата ќе лови – голем рекорд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во разговор со италијанските новинари во Рим, каде што ќе учествува на Мастерсот, откри која е неговата најголема желба.

Србинот до крајот на кариерата ќе го брка рекордот на Роџер Федерер по број на освоени гренслем-турнири.

„Сакам да го урнам рекордот на Федерер по број на гренслем-трофеи“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ има 17 трофеи од важните турнири, односно два помалку од Рафаел Надал и три од Федерер.