Тотенхем го пикираше фудбалерот кој ќе биде резервна опција за Хари Кејн

Од редовите на Тотенхем овој преоден рок со сигурност ќе донесат нов фудбалер од нападот кој ќе биде резервна опција за првиот избор, Хари Кејн.

Тоа го потврди и тренерот на клубот, Жозе Мурињо кој изјави дека му е потребен нов напаѓач и дека за тоа е запознаен и првиот човек на клубот, Даниел Леви.

Една од опциите за Тотенхем е искусниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Баст Дост кој во последните години игра на одлично ниво.

Дост во кариерата ги има носено дресовите на Херенвен, Волфсбург, Спортинг и Ајнтрахт Франкфурт, а ова би било прв негов предизвик во Премиер лигата.