Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ пишува дека Луис Суарез ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, откако неговиот обид да се пресели во Јувентус пропадна.
Каталонскиот медиуми објави дека за да се реализира преселбата на Суарез во Атлетико, најпрво тимот од Мадрид мора да го продаде Диего Коста на Фенербахче.
Диего Симеоне и управата на Атлетико се постојано во контакт со Суарез и можеби наскоро ќе добиеме еден од најинтересните трансфери во овој преоден-рок.
Од доаѓањето од Ливерпул во 2014 година, Суарез одигра 283 меча за Барселона и притоа постигна 197 голови за каталонскиот гигант.