Ковид-19 го нападна Атлетико Мадрид!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Уругвајскиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез беше позитивен на коронавирус.

Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико го прекинал тренингот утрово, откако дознале дека Хименез е позитивен на тестот.

Хименез претходно го известил докторскиот тим, по што направил тест, чиј резултат бил позитивен. Тој веќе е во самоизолација и ги чувствува симптомите на вирусот, но неговата здравствена состојба не е лоша.

Екипата во следниот период ќе тренира индивидуално, а оваа ситуација потсетува пред мечот во Лигата на шампиони против Лајпциг.