Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше прекинат на пресот за медиумите пред својот прв меч на Ролан Гарос, а потоа беше и цензуриран во официјалниот извештај за конференцијата, а сега се јавија и организаторите кои објаснија каде се појавил проблемот.
Ѓоковиќ во текот на разговорот со новинарите зборуваше за многу болни теми поврзани со пандемијата на ковид-19, како што се лажните тестови, поради кои некои како Дамиен Џумхур беа дисквалификувани.
„Би сакал тие кои беа позитивни на тестовите, 24 подоцна пак да бидат тестирани за да потврдат дали резултатот е лажно позитивен. Ако двапати е позитивен, тогаш треба да биде дисквалификуван“, кажа Ѓоковиќ.
Веднаш потоа беше прекинат пресот на Ѓоковиќ и организаторите на Ролан Гарос објаснија дека морале тоа да го направи модераторот зашто Ноле можел да добие само три прашања од новинарот.