Херојски настап на Металург во ШВајцарија, клубот од Автокоманда обезбеди пласман во Лигата на Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Металург обезбеди пласман во групната фаза од новоформираното натпреварување на ЕХФ, Лигата на Европа.

Тимот од Автокоманда ќе биде втор македонски претставник во ова натпреварување по Еурофарм Пелистер кој обезбеди директно учество во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Металург претрпе пораз од Криенс на гостувањето во Швајцарија со 22:21, но по победата во Скопје од 26:24 обезбеди пласман во Лига Европа.

Најпрецизен кај металурзите беше Канкараш кој одигра без грешка и постигна пет погодоци од исто толку обиди, а по четири гола реализираа Хорват и Тарабокија. Одличен натпревар имаше и Даниел Дупјачанец кој заврши со 13 интервенции.