Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот кошаркар, а потоа и претседател на Партизан, Никола Пековиќ е во болница во Подгорица, откако се заразил со ковид-19, но се наоѓа во стабилна состојба.
Иако првите информации беа дека Пековиќ е на респиратор и дека е во тешка состојба, сепак неговото семејство објави соопштение.
„Никола од вчера е во болница во Подгорица и дише самостојно. Сите негови органи функционираат добро. Тој е стабилен, но најдобро ќе биде да остане во болница“, соопшти семејството.
Освен за Партизан, Пековиќ настапуваше во кариерата и за Атлас, Авала, Панатинаикос и Минесота тимбервулвс.