Клоп доби добри вести пред градското дерби против Евертон

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да здивне затоа што доби добри вести пред градското дерби против Евертон во Премиерлигата.

Садио Мане и Тијаго Алкантара го победиле вирусот и тие ќе може да конкурираат за натпреварот против Евертон, што е добра вест за Клоп.

Претходно овие двајца фудбалери беа позитивни на корона и го пропуштија мечот против Астон вила, каде што Ливерпул доживеа убедлив пораз.

Во моментов се чекаат и резултатите од Наби Кеита, по што ќе биде познато дали ќе биде на располагање за натпреварот против Евертон.