Мекгрегор го објави датумот кога ќе се врати во ринг – следи голем спектакл!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Најголемата ѕвезда во ММА светот, Конор Мекгрегор синоќа објави кога планира да се врати во рингот.

Мекгрегор на социјалните мрежи објави дека ја прифатил понудата на УФЦ за борба против Дастин Порие, која треба да се одржи на 23 јануари 2021 година.

„Прифатив, 23 јануари е датумот“, напиша Мекгрегор и најави дека оваа борба најверојатно ќе се одржи во Тексас.

Порие секако ја прифати понудата, па тоа ќе биде спектакуларна пресметка на двајца одлични борци и поранешни шампиони.