Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси летоска беше блиску до преселба од Барселона во Манчестер сити. Наводно, тој постигна договор со Пеп Гвардиола, но премиерлигашот немаше доволно пари да ја исплати клаузулата во неговиот договор.
Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија и дека на крајот ќе се пресели во Англија.
Англиските медиуми пишуваат дека Сити сака да го купи Меси уште во јануари, односно ќе понуди „само“ 15 милиони фунти за негов трансфер, па Каталонците ќе го имаат последниот потег. Или ќе го продадат за таа сума или бесплатно ќе го загубат следното лето.