Гвардиола даде коментар за скандалозниот потег на Агуеро со судијката!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро предизвика скандал на мечот против Арсенал, откако ја фати за врат линиската судијка Шан Маси Елис, откако таа донесе одлука која не му се допадна.

Навивачите се бесни и сметаат дека Агуеро требало да заработи директен црвен картон, но такво нешто не се случи, а Аргентинецот нема ниту дополнително да добие друга казна.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола реши да одговори на обвинувањата на сите.

„Ајде момци. Агуеро е една од најдобрите личности кои сум ги запознал во животот. Барајте проблеми на друго место, не во оваа ситуација“,  кажа Гвардиола по мечот.