Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во Париз и тоа е паметен потег!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ реши да не ја брани титулата на Мастерсот во Париз. Тој го потврди тоа и за српските медиуми и објасни дека се решил за такво нешто бидејќи нема да се бришат бодовите.

За тие што не се запознаени со ова, АТП донесе правило според кое нема да може да се изгубат бодовите сезонава поради пандемијата на коронавирусот, па така Ноле и да не ја брани титулата во Париз нема да ги загуби бодовите освоени минатата сезона.

Српскиот тенисер следната недела ќе игра во Виена, а до крајот на годината сигурно ќе настапи и на завршниот турнир во Лондон.