Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид се посрамоти против Шахтјор Доњец во првото коло од Лигата на шампиони и загуби со 2-3 на домашен терен, а веднаш навивачите критикуваа дел од фудбалерите.
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ беше дел од „кралевите“ на натпреварот, но не постигна ништо посебно, па беше заменет од Винисиус Жуниор, кој се запиша во листата на стрелци.
Шпанските новинари направија анкета по катастрофалниот натпревар на Реал во првото коло, па според неа втор најомразен фудбалер во шпанскиот гигант е токму српскиот напаѓач, кој беше платен 60 милиони евра.
Најомразен на листата е Марсело, по што следи Јовиќ, Варан, тренерот Зидан и на крајот Милитао.