Не му оди во Мадрид, а лошо му се пишува во Србија: Јовиќ ќе заврши шест месеци зад решетки?

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ има огромни проблеми во Реал Мадрид, но не му се пишува добро ниту во Србија, каде што одбил да плати 3,5 милиони динари во хуманитарни цели и поради тоа обвинителството поднесе пријава и бара затворска казна.

Српските медиуми објавија дека Првото основно јавно обвинителство има предлог против српскиот интернационалец и играч на Реал Мадрид поради сомнеќ дека не се придржувал до мерката за спречување на ширење на ковид-19 во март во Белград.

Јовиќ стигна во Србија од Шпанија, која во моментот беше жариште на вирусот, па прекршил дел од правилата и сега не му се пишува добро.

„Се сомнева дека извршил кривично дело – Непостапување по здравствените протоколи за време на епидемија. По одбивање да плати 3,5 милиони динари како можност да се спаси, поднесен е обвинителен предлог при што се бараат шест месеци затворска казна“, пишуваат Србите.