Куман казни четири фудбалери на Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Роналд Куман го загуби своето прво „Ел Класико“ како стратег на каталонскиот гигнат, откако Реал Мадрид славеше со 3-1.

Куман планираше тренинг во 11 часот во спортскиот комплекс на Барселона, но во последен час реши да го откаже и на своите играчи да им даде слободен ден.

Сепак, нема сите првотимци да бидат слободни. Куман казни четири играчи кои ќе мора да се појават во тренинг-кампот и да тренираат со Б-екипата.

Казнети се Рики Пуиг, Карлес Алења, Жуниор Фирпо и Матеус Фернандез, додека на списокот го нема Роналд Араухо, кој ќе игра во Лигата шампиони против Јувентус по суспензијата на Жерар Пике.

Од денешниот тренинг се ослободени Осман Дембеле, Антоан Гризман, Брајтвајт и Серхи Роберто, но и Миралем Пјаниќ.