Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После ремито против Вест Хем, Пеп Гвардиола и официјално го има најлошиот старт на една сеозна во неговата тренерска кариера.
Ремито со „чеканите“ значи дека Сити имаат освоено само осум бода од првите пет кола, и уште поневеројатно немаат позитивна гол-разлика.
Сега следува тежок период за „граѓаните“ кои во следните два месеци ќе играат минимум два меча неделно и Пеп мора да реагира многу бргу.
„Веќе загубивме седум бода, што навистина е многу. Но, страдаме од повеќе причини и ќе видиме како ќе оди сезоната“, изјави Гвардиола.
Ова е најлош старт на една сезона на Сити од 2014 година, и напорниот календар по кратката летна пауза поради корона вирусот сигурно влијаеше на тимот на Гвардиола.
Кајл Вокер, Родри, Ријад Марез и Фил Фоден се единствените четири фудбалери кои беа достапни за сите натпревари оваа сезона за Сити.