Милан оди по Скудетото: Малдини најави нови засилувања на „Сан Сиро“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директорот на Милан, Паоло Малдини вечерва потврди дека тимот ќе тргне по нови засилувања во јануари, зашто имаат намера да се борат до крај за Скудетото.

Милан планира дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а Малдини тоа го потврди пред дербито против Рома, кое заврши 3-3.

„Потребна ни е рамнотежа во тимот, знаеме дека ќе дојдат тешки времиња  и во моментов навивачите не може да ни помогнат, па мора самите да го направиме тоа. Ние сме амбициозен тим со млади играчи“, вели Малдини.

Малдини кажа дека во јануари клубот ќе ангажира неколку засилувања, а се очекува пристигнување на нов стопер и еден напаѓач, но не сакаше да открива повеќе детали.

Милан одлично ја отвори сезоната во Серија А, па по пет натпревари се наоѓа на првото место со 13 бодови, односно четири победи и едно реми.