Вчера одигра одличен меч за Милан, а денеска им носи лоши вести на „росонерите“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалскиот бек Диого Далот ова лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Португалецот синоќа одигра фантастичен меч против Спарта Прага во своето деби на „Сан Сиро“. 21-годишниот бек запиша фантастична асистенција и го постигна третиот гол на мечот.

Меѓутоа, денес италијанските медиуми пласираа лоши информации за фановите на Милан. Имено, Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната сака да си го врати Далот и нема намера да му го продаде на Милан.

„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.

„Скај Италија“ тврди дека англискиот клуб ќе ја одбие секоја понуда бидејќи сака да го врати Далот на „Олд Трафорд“.