Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нејмар нема да му биде на располагање на тренерот Томас Тухел во домашните натпревари против Нант во сабота и против Рен на 7 ноември, како и во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), т.е. гостувањето кај Лајпциг.
Напаѓачот на францускиот тим поради повреда заработена во второто коло од елитното натпреварување ќе пропушти најмалку три натпревари на својот клуб.
Засега не е познато ниту дали ќе биде подготвен за квалификациите за заминување на Светско првенство во кое Бразил игра против Венецуела и Уругвај.
Нејмар така им се приклучи на Марко Верати, Мауро Икарди, Леандро Паредес, Хулијан Дракслер и Хуан Бернат, кои се на листата на повредени фудбалери.