Алиоски доби огромни пофалби, а наскоро ќе потпише и нов договор со Лидс?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач Кевин Филипс пред 20 години беше еден од најдобрите во Европа, а сега го испофали македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој најверојатно ќе потпише договор со Лидс.

Алиоски пристигна во премиерлигашот во 2017 година и стана омилен кај навивачите, а со своите настапи си заслужи и место во екипата.

„Од тоа што можев да го видам досега, на секој клуб му е потребен фудбалер како Алиоски. Кога ќе влезе од клупата за резерви, тој може целосно да го промени мечот. Најважно е тоа што никогаш не се жали“, вели Филипс.

Наскоро се очекуваат преговори меѓу Алиоски и Лидс, како и потпис на нов договор.