Рајан Гигс заврши во полиција зашто ја нападнал својата девојка!

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс вчера бил уапсен во неговиот дом. Полицијата во утринските часови му тропнала на врата на селекторот на Велс, а неговите соседи останале изненадени поради апсењето.

Англиските медиуми објавија дека е уапсен по обвинувањања дека ја нападнал својата девојка Гејт Гривил, која ја контактирала полицијата.

Овој 46-годишен стратег бил испрашан во полиција, по што останал во полициските простории уште некое време.

„Полицијата добила повика во неделата за тоа дека Гигс ја нападнал неговата девојка и ја повредил физички. Поради тоа е уапсен, а повеќе информации ќе бидат познати наскоро“, соопштија од полицијата.